-->
-->
Стартуваше кампот на МКФ во соработка со ФИБА
-->
Најталентираните кошаркари во Македонија родени 2002 година во претсојните пет дена во Маврово ќе учествуваат на кошаркарскиот камп „МКФ 2016“, кој Македонската кошаркарска федерација го организира во дирекна соработка со ФИБА, а е насловен како “Development for boys U14 with potential”.
Кошаркарите ќе тренираат поделени во групи под раководство на 12 селектирани тренери. Координатор на кампот е специјалистот за работа со млади категории, Американецот Крис Диал.
На кампот на МКФ во Маврово младите кошаркари ќе имаат по два тренинга на ден на кои ќе работат на услвршување на техничките елементи од кошаркарската игра.
Воедно, на кампот ќе биде извршена и конечната селекција за најмладата репрезентацијата на играчи до 14 години, која ќе учествува на Меѓународниот турнир во Словенија во август.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски: Градскиот воз и електричните еколошки автобуси се придонес кон намалување на аерозагадувањето во Скопје
-
Николоски: Нема политички договор со Бугарија за случајот Ива Михајлова
-

Трамп: Егзекуцијата на Нидал Хасан нема да биде емитувана во живо
-

Новиот Луна парк во Скопје треба да биде готов до крајот на 2027 година
-

Истрага против 20-годишник за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и детска порнографија
-

Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“ во изминатото деноноќие
-

Хориха од денес дел од македонската ракометна репрезентација
-

Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција
