-->
-->
Стартува ракометната Лига на шампионите
-->
Со натпреварот меѓу шведската екипа Кристијанштад и данскиот тим Колдинг ќе биде означен почетокот на новата сезона од ракометната Лигата на шампионите, која оваа сезона ќе се игра во изменет формат, каде екипите се поделени во две фази според квалитетот, но и оние од втроата фаза (групите Ц и Д) во завршницата имаат шанси да се борат за пласман во нок аут фазата од натпреварувањето.
Македонија и оваа година ќе има два претставника шампионот Вардар и Металург. Вардар ќе игра во фазата од групите (А и Б), поквалитетни, додека Металург е во групата Д.
Во првото коло Вардар во недела гостува кај француската екипа Монпеље, додека Металург во сабота ќе гостува кај украински Мотор.
Распоред на натпреварите од 1.коло:
А група: ППД Загреб – Кил (четврток), Висла – Веспрем, Флензбург – ПСЖ и Бешикташ – Цеље (сабота).
Б група: Кристијанштад – Колдинг (среда), Монпеље – Вардар, ПИК Сегед – Киелце, Рајн Некар Ловен – Барселона (недела).
Ц група: Чеховски Медведи – Ла Риоха (четврток), Мешков Брест – Војводина, Порто – Татран Прешов (сабота).
Д група: Кадетен Шафхаузен – Елверум (четврток), Мотор – Металург (сабота), Скјерн – Баја Маре (недела).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година