Македонија
18. April 2019 - 8:37

Стартува кампањата „Средно што е вредно“

„Средно што е вредно“ е кампањата  што денеска ќе почне да се спроведува од страна на Министерството за образование, со која ќе се даде поддршка на развојот на средните стручни училишта во земјата.

Настанот ќе се одржи во Средното електро – техничко училиште „Михајло Пупин“ во Скопје.

Обраќања пред присутните ќе имаат министерот за образование и наука, Арбер Адеми, директорот на „Михајло Пупин“, Димитар Ѓорѓиев и оперативниот директор на Стопанска комора,  Анета Трајковска.