Македонија
13. July 2015 - 17:54

Стартегија на СДСМ: Преку инцидентите на Саше Политико да собере поени

Тактиката на СДСМ преку платеници и активисти да врши упад на јавни настани е израз на тешка фрустрација поради неуспесите, пишува порталот Курир.

Според анализата на порталот, СДСМ стави печат и на последната надеж дека ќе почнат да делуваат конструктивно, со делувањето на нивните адути Саше Ивановски – Политико и Ѓуро Кешкец кои вчера упаднаа на прес конференција на градоначалникот на Скопје.

Кешкец е активист на СДСМ, кој на својот фејсбук профил има напишано дека е вработен во партијата, тој важи за еден од поистурените подржувачи на Зоран Заев. Како што се гледа на снимките, тој во алкохолизирана состојба вчера му помагаше на Саше Политико во попречувањето на настанот.

Неговиот партнер за акција Саше Политико веќе подолго време вербално и физички се пресметува со политичари и новинари. Тој физички го нападна новинарот Јанко Илковски, но и покрај ова немаше реакција на Здружението на Новинари на Макдедонија.

Дека Саше е истурен играч на СДСМ, докажува и тоа што партијата го вклучи во преговорите за надминување на политичката криза, одбивајќи да присуствува на преговорите без тој да го следи настанот, иако нема акредитација.

Универзитетската професорка Тања Каракамишева, во изјава за Курир смета дека од СДСМ не може да се очекува ништо друго освен возвишување на вакви личности кои според неа имаат психопатолошки карактер.

-Врвот на деструкцијата на СДСМ се согледува преку овој нов политички феномен на медиумска манифестираност кој јас го нарекувам последниот стадиум во психопатологијата на опозицијата, со кој оваа партија очајно сака да го привлече граѓанското внимание. Овие медиумски квазимодовци не се виновни што некој им дал можност да ја покажат својата неограничена лудост во јавноста. А јавноста и без овие циркуси добро ги познава овие лица и ги презира, вели Каракамишева.

Дека тимот за попречуње на настани добил и локални соработници, докажува и денешна акција на соработничката на Заев, Катерина Бубулова, која се обидуваше да прекине настан на кој советниците од Струмица, кои сакаа да го изразат незадоволството од отсутниот градоначалник.

Експертите се категорични дека ваквите активности на СДСМ се против слободата на изразување и слободата на мислата. Според Курир, од сето ова произлегува дека ударните перјаници на СДСМ не се професори, интелектуалци, млади луѓе со предлози и проекти, туку приучени аматери и платеници како Политико и Кешкец кои се злоупотребени луѓе, со специфична ментална состојба.