Македонија
11. February 2024 - 16:45
Старите лица од Охридско бараат дом за стари лица - засега грижа со негуватели има само во Црвениот крст
Младите масовно се иселуваат, а постарите остануваат сами.
Старите лица и пензионерите од Охрид, за кои нема кој да се грижи или сакаат да живеат сами, бараат Дом за стари лица. Во време кога младите масовно се иселуваат од државата, расте бројот на оние кои се осамени и на работ на сиромаштијата и имаат потреба од згрижување.
Од Црвениот крст од Охрид велат дека голем е бројот и на оние кои имаат потреба од нега и помош во домот за нив моментално ангажирани се негуватели.
Иницијативата за изградба на една ваква социјална установа веќе со години се најавува, последно беше истакната и локацијата во населбата Даљан но од сето тоа се уште ништо, дом за стари лица нема во целиот Југозападен регион.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->