Македонија
28. јуни 2017 - 10:23

Старец со рено излета од подвозникот кај Црниче

Осумдесет и четири годишниот Љ.А. од Скопје минал со полесни повреди по сообраќајна несреќа која вчера утрината се случи на подвозникот кај Црниче.

Од полицијата  велат дека се случила сообраќајна несреќа во која поради неприлагодена брзина, Љ.А. (1933) управувајќи автомобил „Рено 4“ излетал од коловозот и удрил во бетонските столпчиња.

Повредениот скопјанец бил пренесен во Градската болница „Св. Наум Охридски“ каде по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.