Македонија
12. August 2016 - 14:25

Старец се бори за живот, прегазен во Скопје од млад мотоциклист

Вчера во 19.20 часот во Скопје на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во непосредна близина со крстосница со ул.„9- ти Мај“, се случила сообраќајна незгода во која мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.И. (18) од Скопје, удрил во пешакот С.С.(51) од с.Лабуништа, струшко.

Во незгодата со телесни повреди се здобил Д.И., додека кај С.С. се констатирани тешки телесни повреди и истиот се наоѓа во животна опасност.

Екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на настанот.