Стано: Околу 80.000 државјани на ЕУ се надвор од Унијата
Околу 80.000 државјани на Европска Унија се надвор од територијата на Унијата и чекаат да се вратат дома откако е воведено привременото ограничување за влез поради пандемијата со новиот корнавирус, изјави синоќа портпаролот на Европска комисија, Петер Стано.
Тој додаде дека е тешко да се утврди точниот број на луѓе кои чекаат да се вратат дома и ги повика да се јават во конзулатите во земјите во кои се наоѓаат.
Покрај на надворешните граници на ЕУ, проблеми има и на внатрешните граници. Повеќе илјади жители на балтичките држави се заглавени на германско-полската граница, откако Варшава го ограничи влезот на странски државјани на своја територија.
На австриско-италијанската граница властите ги пропуштаат Германците кои се враќаат од Италија ако имаат доволно гориво да ја поминат Австрија без да застануваат, додека од граѓаните од другите држави бараат лекарски поотврди дека не се заразени со Ковид-19.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер