Станков: Знаеме да работиме чесно, посветено, одлучно и одговорно

Кандидатот за градоначалник на општина Зрновци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Блаже Станков, денеска ја престави својата изборна програма како и кандидатите за идниот општински совет со носителот на листа Душко Ѓорѓиев.
- Понудената програма со конкретни проекти и рокови за нивно реализирање во секое населено место, заедно со понудениот состав на советничката група од нашата партија, се надевам дека е доволна гаранција да ја добиеме довербата. Не очекува голема работа, но ние знаеме да работиме, да работиме чесно, посветено, одлучно и одговорно, истакна Станков.
Во изборната програма според Станков се поместени проекти кои се однесуваат за подобрувањето на животот во трите населени места од општината како што се реконструкција на секундарната водоводна мрежа и изградба на резервоар за бода во Зрновци, изградба и асфалтирање на неколку локални патни правци во Зрновци, Мородвис и Видовиште, бетонирање на земјени вади за квалитетно наводнување на земјоделските површини, како и изградба на пат до археолошкиот локалитет „Манастириште“ во село Мородвис.
Во изборната програма се содржани и активности во делот на изградбата на велосипедска патека покрај Зрновска река, како и оплеменување на природните пештери по кањонот на Зрновска река.
Ново на Сител
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
