Станиќ: Примивме гол од невнимание

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година вчера во Битола претрпе пораз 0:1 од Италија во натпревар од квалификациите за ЕП 2027. Нашиот тим имаше играч повеќе од 25.минута, но десет минути подоцна противникот го постигна единствениот гол.
-Голема благодарност до градот Битола за организацијата на овој натпревар. Не треба да се зборува за Италија која е фаворит во групата. Во првите 20 минути играчите како да ја преценија Италија, а потоа се опуштивме и почнавме да играме. Штета е за нас, бидејќи играчите го дадоа својот максимум. Минаа двата натпревари против фаворитите во групата. Концентрацијата кај нас беше на пониско ниво, ривалот беше квалитетен и тука се виде разликата во тоа дека нивните играчи играат во многу посилни лиги. И покрај сè, одигравме егал, а можеби бевме на моменти и подобри од големиот фаворит. Примивме гол од невнимание, не покривме како што треба. Италијанците во свој стил најмала грешка казнија, на прес конференцијата изјави селекторот Горан Станиќ.
Следниот натпревар младите македонски фудбалери го играат на 10.октомври со Ерменија во Битола, а потоа следува гостувањето кај Црна Гора.
МИА
Ново на Сител
-

Визна либерализација меѓу темите на вториот Стратешки дијалог со САД
-

Советот на обвинителите ја прифати оставката на Ленче Ристоска
-

Досега откупени над 100.000 јагниња по цена од 280 денари, на сточарите исплатени над 1 милијарда денари субвенции
-

Уставен одлучи: Се зголемуваат платите на судиите
-

Законот за правична застапеност го помина владиниот филтер – на ред е Собранието
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кревко примирје меѓу САД и Иран
-

Падна цената на нафтата на светските берзи, но неизвесноста за Ормутскиот теснец останува
