Џет-Сет
28. September 2017 - 21:35

Станија е неутешна поради неговата смрт: Засекогаш ќе го паметам престојот во неговата вила

Веста за смртта на Хју Хефнер, основачот и сопственикот на магазинот „Плејбој“ ја обиколи планетава.

Хефнер почина во Лос Анџелес, во својата 91. година, а тагата поради неговото заминување не ја криеше ниту Станија Добројевиќ, која имаше можност лично да го запознае.

Станија имаше можност да престојува во неговата вила и да ужива во друштво на Хефнер, па и е многу жал што почина основачот на Плејбој. Таа на својот Инстаграм објави фотографии од периодот додека престојуваше во Америка и потсети на дружењето со Хефнер и наведе дека и било чест да биде дел од „Плејбој“.