Стана и милионерка и пензионерка на 28 години

Џеј. Пи. Ливингстон од Њујорк го привлече вниманието пред помалку од една година, откако беше објавено дека на 28-годишна возраст со паметно инвестирање заработила неколку милиони долари. Ливингстон сега повторно е во центарот на вниманието со највата дека „заминува во пензија“.
Таа дипломирала на Харвард во 2009 година и успеала да се вработи во инвестициска компанија, што и било животна желба. Таму го стекна потребното знаење и искуство, кои и донесоа големо богатство по само неколку години работа.
Нејзиниот живот се сменил по посетата на еден будистички храм на Тајван, каде сфатила дека за среќа не е потребно многу, па почнала да применува минималистички пристап на животот. Тоа значело штедење кое подоцна ќе и донесе големо богатство преку инвестиции.
По враќањето од Тајван таа одлучила да го смени својот живот, па неколку години ги поминала работејќи како финансиски експерт, додека од друга страна го зголемила штедењето.
– Ако се инвестира паметно, настапува момент кога тие инвестиции почнуват да се враќаат. Својот прв милион го заработив сама кога имав само 26 години. Таа година ми се повратија 13 отсто од вложените пари. Заработував 130 илјади долари без оглед на тоа дали работев, се излежував на плажа или играв видео-игри, појасни таа.
Денес, таа живее мирен живот во мал стан со сопругот и домашно милениче, а нејзината необичност лежи во тоа што стана пензионерка и милионерка на 28 години.
Ново на Сител
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, создадовме програма што ги поврзува сите генерации
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
