-->
-->
Стаменковски најдобар на Пауер-лифтинг натпревар во Србија
-->
Македонскиот претставник во Пауер-литинг (Power-lifting), Бошко Стаменковски од Македонска Каменица ги освои сите награди на натпреварот што се одржа во Крагуевац, Србија. Освен во пауер-лифтинг, Стаменковски се натпреваруваше во повеќе спортски дисциплини.
– Во натпреварувачкиот дел имаше неколку категории и тоа предизвик во згибови, пропаѓања и склекови, како и апсолутна категорија. Освоив прво место во склекови, прво место во „пропаѓања“ и трето место во „згибови“ со што организаторите ме прогласија за апсолутен победник. На натпреварот во Крагуевац учествуваа околу 100 учесници од неколку балкански земји, изјави Стаменковски.
Во чест на промоцијата што ја има направено во изминативе неколку години за Пауер-лифтинг спортот, Стаменковски од страна на организаторите доби неколку благодарници и дипломи.
Пред еден месец, Стаменковски на Европското првенство во Пауер-лифтинг, што се одржа во Егер, Унгарија, го освои сребрениот медал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
-

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите

