Стаменковска: Правна помош од ВМРО-ДПМНЕ за незаконски разрешени лица
Комисијата за правни работи на ВМРО ДПМНЕ ќе дава правна помош и заштита на лицата што, како што рече денеска на прес-конференција Невенка Стаменковска, се жртви на незаконското разрешување и самоволие на СДСМ. Во периодот што следи, Комисијата за правни работи на ВМРО ДПМНЕ, ќе ја информира јавноста за сите случаи за незаконско постапување од страна на новата власт.
- ВМРО-ДПМНЕ нема да биде нем и пасивен сведок на овие незаконски разрешувања на лицата што професионално одговорно, чесно и посветено ја извршувале својата работна должност, туку напротив, активно ќе ги следиме овие постапки за што веќе во рамките на Комисијата формиравме и посебна работна група која ќе дава правна помош и заштита на лицата што се жртви на незаконското разрешување и самоволие на СДС, истакна Стаменковска.
За ВМРО- ДПМНЕ, Владата на СДСМ спроведува чистка во институциите со, како што велат од оваа партија, флагрантно прекршување и непочитување на ниеден Закон.
Стаменковска тврди дека претходно именуваните раководители на институции, наместо да бидат распоредени на истото место на кое претходно работеле, како што налагаат и одредбите од Законот, добиваат распоредување со што се деградираат на неколку места пониско.
- Најголениот број на овие разрешувања и именувања се случуваат во време на распишани избори каде дополнително не се почитува член 8а од Изборниот законик, рече Стаменковска.
Ново на Сител
-
Без вода корисниците од повеќе улици во Скопје
-
За една година САД потрошиле рекордни 17,9 милијарди долари за воена помош за Израел
-
Загина поранешен фудбалер во поплавите во БиХ, пронајден гушнат со сопругата
-
Леброн и Брони Џејмс за првпат излегоа на теренот во исто време на претсезонски натпревар во НБА
-
Опожарен контејнер во скопско Ѓорче Петров
-
Искршена е влезната врата на храмот „Цар Константин и царица Елена“ во Штип
-
Брачен пар загина во пожар во стан во Белград
-
Во одговорот на Извештајот на Комитетот против тортура на СЕ најавено подобрување на условите во затворите во земјава