Стаменковска: ДИК да не го попречува одржувањето на локалните референдуми
Државната изборна комисија има обврска да постапи согласно законот со кој е гарантирано референдумското изјаснување на граѓаните за работите кои директно ги допираат нивните интереси, истакна денеска пред ДИК Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, ДИК не смее во ниту еден случај да го попречува одржувањето на локалните референдуми кои граѓаните побарале да се одржат против изградба на мигрантски кампови во нивните општини.
Таа го повика СДСМ да не врши притисок врз ДИК во врска со организирањето на локалните референдуми.
- СДС не смее да го попречува организирањето на референдуми само за да го оствари својот план Македонија да ја направи еден голем бегалски камп, рече Стаменковска.
Обвини дека СДСМ повеќе ја интересираат миграните отколку граѓаните на Македонија и дека планираат да населат повеќе илјади мигранти и на нив да им овозможат социјална помош, право на стан и работно место со што, според неа, сериозно ќе се разниша македонската економија, образованието, здравствениот и социјалниот систем.
Ново на Сител
-
Во Ниш ќе се одбележи Денот на македонскиот јазик
-
Претреси во Кочани, пронајдена дрога, приведени пет лица
-
Телескопот „СФЕРЕКС“ на НАСА почна со целосно мапирање на небото
-
Истече дисквалификацијата на Синер
-
Лицата со дијабетес бараат инсулински пумпи за сите лица кои имаат дијабет тип 1
-
Минатата недела казнети 114 возачи кои непрописно ги паркирале возилата во општина Центар
-
Како телото „кажува“ дека има недостаток на витамин Ц?
-
Без струја ќе останат дел од корисниците во општините Кисела Вода и Ѓорче Петров