Стационари во Струмица и во Гевгелија ќе го решаваат проблемот со кучињата скитници
Југоистокот интензивно работи на решавањето на проблемот со кучињата скитници. Проектот кој десетте општини започна да го реализираат преку Центарот за развој на југоисточниот плански регион влегува во втората фаза. Веќе следната недела се очекува да бидат склучени договорите за израдба на два стационари, еден во Стрuмица и еден во Гевгелија преку кои ќе се покрива целиот регион. Ваквата идеја за регионално решaвање на проблемот кој од страна на десетте градоначалници е утврден како прв приоритет доби поддршка и од УНДП кои ќе се вклучат со 34 000 евра наменети за опремување на стационарите.
Дека ова е едно од најгорливите прашања за кои граѓаните бараат решение потврдуваат и општинските извештаи кои покажале дури 40% од проблемите кои граѓаните ги пријавуваат до локалните власти се поврзани со бездомите животни. Финализацијата на стационарите во кои ќе има по 40 бокса за животните се очекува до крајот на годината. Целиот проект чини околу 22 милиони денари од кои 12 милиони од бирото за регионален развој, 2 од УНДП додека останатите 8 се кофинансирање од општинските буџети..
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар