Стабилно и топло до вторник, од среда на места пороен дожд и засилен ветер
До вторник времето ќе биде стабилно и со благ пораст на дневната температура. В среда и четврток повторно се очекува нестабилност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска е сончево, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени.
И во Скопје е сончево со мала облачност и со слаб до умерен, претежно северен ветер, а максималната температура денеска ќе биде 33 степени.
УХМР информира и дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Ѓуриште – 33 литри на квадратен метар. Според мерењата од 8 часот, за едно деноноќие 17 литри дожд на квадратен метар наврнал во Скопје – Петровец, 15 литри се измерени во Скопје – Зајчев Рид, седум литри во Штип, два во Струмица и по еден литар на квадратен метар во Крива Паланка и Крушево.
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци