Македонија
1. March 2019 - 8:25

Стабилно и потопло време

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец.

Максималната температура ќе се движи од 13 до 20 степени.

Во Скопје, слично време, претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува.  Дневната температура ќе достигне до 18 степени.

Утре претпладне ќе има зголемена облачност и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневната температура викендов ќе биде за четири до пет степени пониска во однос на денешната. Од понеделник и понатаму ќе биде стабилно со мала до умерена облачност и со повторен пораст на дневната температура.