Македонија
30. September 2015 - 23:46

Стабилна состојбата на учениците од „Арсени Јовков“, Трајановски ги посети на Токсикологија

Стабилна е состојбата на ученици од средното економско и правно училиште „Арсени Јовков“ во Скопје, кои денеска околу 18:30 часот се пожалија на печење на очите и грлото.

Обезбедувањето на училиштето веднаш повикало полиција, а учениците со итна медицинска помош се пренесени во скопската Клиника. 

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски ги посети учениците кои биле префрлени на Токсикологија.

Се врши увид и се работи на утврдување на причините. Повеќе детали од МВР ќе соопштат во текот на утрешниот ден.