ССНМ го осудува неетичкото известување на дел од медиумите од денешните погреби на жртвите од трагедијата во Кочани
И покрај сите предупредувања и договорениот Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од трагедијата во Кочани, денеска е забележано нарушување на основниот кодекс за почитување на приватноста на погодените, што беше опфатено и во протоколот кој со направија Владата на РСМ, ССНМ и ЗНМ.
- Главнината од домашните медиуми, со неколку отстапки, го испочитуваат договорот и се придржуваа до насоките и информираа коректно, но неколку странски медиуми се обидоа да привлечат гледачи и читатели на најнепримерен начин, се наведува во соопштението од ССНМ.
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги осудува постапките на дел од медиумите и смета дека со начинот на информирање (преноси во живо) ги нарушија стандардите за етичко новинарство и дополнително ја зголемија болката кај погодените, но и кај публиката.
ССНМ уште еднаш ги замолува претставниците на медиумите, и во следните денови на жалост, да ја остваруваат својата основната улога, да информираат, но да бидат внимателни со чувствата на граѓаните и да ги почитуваат етичките кодекси.
Ново на Сител
-
Ограбена менувачница во Скопје за 10 илјади евра
-
Кај тројца од жртвите во пожарот во Кочани имало и изгореници од четврти степен, а кај четворица скршеници на ребра и задушување од притисок при стампедо
-
На патот Неготино-Градско во возило „рено клио“ пронајдени пет мигранти од Египет
-
Тошковски: Не можам да се сложам дека актуелни носители на функции не се дел од истрагата за пожарот во Кочани
-
Две деца на возраст од 11 и 13 години се оддалечиле од Детско село
-
Црвен крст: Досега собрани 48.172.115 денари
-
Хоспитализиран 56-годишен пациент од сообраќајката кај Соколарци
-
Панчо од ДНК е надвор од животна опасност, велат од „Систина“