Бизнис
2. November 2015 - 20:46

ССМ со кампања ќе се бори против работата на црно

Околу 600 работници кои работат на црно поднеле пријави до Синдикатот. Најголеми жртви на злоупотребата се земјоделците и градежниците, а голем е бројот и на транспортери хотелиери и трговци кои работат непријавени. И покрај високите глоби кои се движат околу 2000 евра за секое непријавено лице  сепак работодавачите ги избегнуваат обврските.

Митревски истакна дека отсега па натаму Синдикатот ќе спроведува постојана кампања. Ќе бидат опфатени невработените кои ќе бидат обучувани како да се заштитат. А ќе им се помага и на вработените да си ги остварат своите права.

Со измените на Законот за работни односи  од јули годинава се намалија казните за работодавците кои се движеа и до 7000 евра. Со новините инспекторите првo треба да ги опоменат газдите и со решение да им наредат во рок од 8 дена да ги вработат непријавените. А во рок од три месеци не смеат да го намалат бројот на вработени. Доколку пак во една иста фирма затекнат двајца непријавени, работодавчот ќе плати глоба од 1000 евра.

Во ЕУ бројката на непријавени работници се движи од 19 до 22 отсто.