ССМ: Каде се парите од членарина на УПОЗ, СИЕР, Агро Синдикатот и СУТКОЗ
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) преку пишано соопштение до медиумите прашува каде отишле над 15 милиони денари од членарина за последните две години од УПОЗ, СИЕР, Агро Синдикатот и СУТКОЗ.
- ССМ и членството од овие синдикати бара одговор каде се овие средства и за што ги потрошиле претседателите на овие грански синдикати ако се има предвид дека располагаат со целокупна членарина, со целокупните финансиски средства на работниците кои им ја одземаат од сметките на синдикалните организации, се вели во соопштението од ССМ и се прашува дали овие средства се потрошени за потребите на членството или за нешто друго.
Се поставува и прашањето кој ги овластил овие лица да затајуваат членарина, зошто не уплаќале средства во ССМ, а ги добивале од синдикалните организации, зошто овој факт го криеле од членството и каде ги потрошиле овие средства.
ССМ вчера објави дека претседателот на УПОЗ Пецо Грујовски само за 2015 и 2016 година затаил членарина во висина од 4,36 милиони денари, претседателот на Агро Синдикатот синдикат Живко Даневски за истиот период затаил членарина во висина од 2,58 милиони денари, претседателот на СИЕР Пеце Ристески 4,68 милиони денари и претседателот на СУТКОЗ Дарко Димовски за истиот период затаил членарина од 3,37 милиони денари.
Ново на Сител
-
Одбраната на Палевски бара дополнително вештачење на чаурата од местото на убиството на Жежовски
-
50 денари еден час паркирање на Клинички - Нов газда, нови повисоки цени!
-
Инфлацијата расте, виновни за високите цени се маркетите и увозниците, Пазарна казнува
-
Владата купува овошје и зеленчук за 35.000 евра, Мицкоски ќе го проверува договорот
-
Кочоска: Статистичките податоци доказ дека не сме во стагнација
-
Пратеничките побараа поголеми заложби за родова еднаквост - СДСМ ја бојкотираше седницата
-
Истражување на Реактор: Жените и девојките имаат страв од возење во автобус
-
Генералштабот на АРМ ќе присуствува на состанокот на Макрон во Париз