ССМ: Договорот за недела неработен ден е при крај
Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) информира дека неговата повеќегодишна иницијатива, недела да биде неработна, 90 отсто е прифатена од социјалните партнери.
-Тоа за македонскиот работник ќе значи дека недела ќе биде ден на неделен одмор. За мал број на дејности, кај кои процесот на работа е од таква природа што не може да се прекине, работниците кои ќе бидат ангажирани во недела ќе добијат зголемена дневница за најмалку 50 проценти, како што тоа е утврдено во Закон или колективен договор, како и право на слободен друг ден во неделата. Останува само да се утврди дали тоа ќе биде денот пред или денот по недела, како што бара ССМ, истакнуваат од сојузот.
Оттаму потенцираат дека на барање на ССМ се воведуваат и строги казни за оние работодавци кои ќе го прекршат законот, чии дејности не спаѓаат во исклучоци, со забрана за работа од 15 до 30 дена и висока парична казна.
–Останува уште технички службите да го финализираат предлог текстот на Законот, а не истиот да се дополнува со желби на поединци на штета на работниците, велат од ССМ.
Од ССМ потенцираат дека Законот за работни односи е (lex generalis), важи за сите вработени и за сите правни субјекти и не може со други закони да се дерогираат правата на работниците кои се веќе стекнати со овој закон.
Од ССМ потенцираат дека се единствениот синдикат, кој ги претставува работниците во процесот на преговори за изнаоѓање на законско решение за прогласување на недела за неработен ден, односно ден на неделен одмор.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци