Бизнис
28. October 2015 - 18:32

ССК со пакет од 65 мерки за подобрување на бизнис климата

Повеќе пари за компаниите управувани од жени менаџери, формирање на фонд за одобрување на кредити со ниски камати  наменети за извозно орјентираните фирми, кои своите производи главно ги пласираат на странските пазари, подобра бизнис регулатива и не толку чести промени на законите.

Ова се само дел од пакетот на 65 те мерки кои ги донесе бизнис заедницата, а кои значително треба да ја подобрат бизнис климата и работењето на  фирмите.

- Пакетот мерки е структуиран во неколку категории, фискална политика, административни бариери, градежништво, енергетика, унапредување на пазарот на трудот, трговија развој на ИТ секторот. Време е кога Македонија како најбрзо растечка економија во регионот е земја која е една од најдобрите за водење на бизнис во светот да се посвети на поголем подршка на приватниот сектор. Со зголемување на бројто на вработени да се стремиме и кон зголемување на стандардот и подбар квалитет на живеење на самите граѓани, рече Данела Арсовска, претседател на ССК.

Од бизнис секторот потенцираа дека фирмите би имале подобри резултати од  работењето доколку не се случеше политичката криза која  придонесе  за стопирање на нивните планирани инвестиции.

Според Арсовска, новиот извештај на Доинг Бизнис е уште еден доказ дека во Македонија може успешно да се работи.

Новите предлог мерки, бизнис секторот наскоро ќе ги  достави до Владата.  Во претходниот пакет пак беа вкупно 77, најголем дел или 80 отсто од предлозите на бизнисмените  беа усвоени.