ССК не очекува да се постигне раст од 3,5 проценти

Се што беше планирано за 2020 година ќе биде во фаза на застој поради предвремените парламентарни избори, оцени денеска претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) Данела Арсовска.
-Вчера Народната банка го проектира растот на 3,5 проценти, нешто што не знаеме колку е остварливо до крајот на годината, земајќи предвид дека веќе е отпочната кампањата на политичките партии за предвремените парламентарни избори. Со најавата на изборите компаниите почнаа резервирано да гледаат на проектите кои ги имаа планирано за следната година, а и се што беше планирано за првите шест месеци од 2020 година ќе биде во фаза на застој поради фактот што ќе бидеме во очекување за формирање нова влада, изјави Арсовска во одговор на прашање пред доделувањето на наградите Топ 100 на Стопанската комора на северозападна Македонија.
Таа нагласи дека не очекува да се постигне раст од 3,5 проценти и покрај оптимистичките прогнози на НБ за раст на БДП на земјава од 3,8 проценти во 2020 година.
-Сите проекти, а особено оние кои беа подолгорочни веќе се во застој. Треба да почекаме, но не верувам дека ќе има нешто позначајно до третиот квартал на 2020 година, рече Арсовска.
За последното зголемување на минималната плата рече дека не е добро.
-Се што е вештачки наментнато не е добро. Фирмите да биле доволно ликвидни и да имале доволно големи профити во моментот кога се соочуваме со недостиг на квалификувана работна сила самите ќе поделеа повисоки плати на вработените од моменталната минимална плата, рече Арсовска.
Ново на Сител
-

Тошковски: Целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки животи
-

Кузмановски: Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа
-

Со звукот на сирената Македонија ја совлада Романија на ЕП
-

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште
-

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците
-

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите
-

Пронајден возачот кој се снима како вози 293 км/ч и се фали на социјалните мрежи
-

Утре облачно со повремени локални врнежи од снег
