ССК на Самитот во Будимпешта: Разгледана можноста за настап на македонски фирми на саем во Кина
Можноста македонски компании да учествуваат на најголемиот традиционален саем на Кина за широка потошувачка, кој е поддржан од иницијативата 16+1, беше тема на средбата на претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија Данела Арсовска со заменик-градоначалникот на Нингбо, НР Кина, Лиу Чангчун која се реализираше во Будимпешта во рамки на на шестиот Самит на шефовите на влади на Кина и 16 земји од Централна и Источна Европа каде се одржува Економски и трговски форум на тема: „Поврзување на МСП на Кина и земјите од ЦИЕ“.
- Традиционално како резултат на одличната соработка на Сојузот со НР Кина, компаниите имаат можност за зајакнување на комуникацијата, меѓусебно поврзување, градење на трговски релации како и промоција на инвестиции. Активно сме вклучени во иницијативите за зголемување на соработката и трговските партнерства со Кина и 16. земји од ЦИЕ преку мега проектот за економска, политичка и културна соработка, изјави претседателката на Сојузот на стопански комори Данел Арсовска и додаде дека Сојузот, секоја година учествува на форумите на 16+1 за зголемување на можностите на приватниот сектор од Република Македонија.
Во фокусот на Економскиот форум, се малите и средни претпријатија, примена на високи технологии во ИТ секторот, медицина и здравство, вештачка интелигенција, заштита на животна средина, модерно земјоделско производство.
- МСП се движечка сила за економски развој и се во фокусот на владите ширум светот. Развој на конкурентноста на малите и средните компании и нивно глобално поврзување се на приоритетната агенда за поголема соработка на компаниите од ЦИЕ и НР Кина, додаде Арсовска.
ССК активно работи на зголемување на бизнис соработката со НР Кина, со посебен акцент на промовирање на кинескиот мега проект „Еден појас, еден пат" за инфраструктурно и економско поврзување на Азија, Европа, Африка и Блискиот Исток. Исто така, претседателот на ССК, е потписник на единствениот договор на Балканот за економска соработка со Кина со што, како што стои во соопштението, за македонските компании се отвори пат за директен пристап на најголемиот азиски пазар.
Соработката на Народна Република Кина со земјите од Источна и Централна Европа започна во Будимпешта, а продолжи на состаноците во Варшава во април 2012 година, Букурешт Романија (2013), Белград, Србија (2014), Суџоу, Кина (2015) и Рига, Латвија (2016).
Ново на Сител
-
Еврејски доселеници запалија џамија на Западниот Брег
-
Турција подготвува план за враќање на сириските бегалци
-
Врачена протестна нота на рускиот амбасадор Баздникин од страна на МНР
-
137 килограми марихуана запленета во камион на македонски државјани
-
Борисов: Балканскиот поток е гасовод на пријателството
-
Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието
-
40-годишник од Дебар со пиштол им се заканувал на малолетници
-
Мицкоски очекува денеска да се стабилизира состојбата во РЕК Битола и да продолжи редовното производство