Срушени македонските рекорди на 17тиот Виз Ер Скопски маратон, неколку запросувања и многу насмеани лица
Во раните утрински часови, над 6000 тркачи навестија прекрасен ден и ги исполнија скопските улици со позитивен дух, спортска енергија и безброј насмевки. Под специјален протокол за заштита од Ковид-19, се одржа 17тото издание на Виз Ер Скопски маратон.
Учесниците кои беа пријавени на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ стартуваа во 8:00 часот, а трката на 5км започна во 8:10 часот. Стартот и целта на овогодинешниот маратон беше од платото пред Спортски центар Борис Трајковски, а патеката по која трчаа учесниците остана иста како и минатите години.
На овогодинешното издание на ВизЕр Скопски маратон, од машката категорија прв до целта стаса Дарио Ивановски со време од 02:21:27, со што го сруши македонскиот рекорд и го постави новиот рекорд на Виз Ер Скопскиот маратон, второто место го освои Младен Стеванович, со време од 02:34:54, а на третото место се најде Давид Перлич, кој патеката ја истрча за 02:38:26.
Ново на Сител
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен
-
Работодавачите не прифаќаат минимална плата од 30 илјади денари
-
15.000 жалби за превисоки сметки за струја: За в четврток најавен протест на жителите на Сингелиќ и Арачиново
-
Одложено судењето за сообраќајката во која загина Теодора Ристовска, обвинетиот бил во болница
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
СДСМ: Власта да ги прифати нашите предлози
-
Граѓаните да не наседнуваат на измамите по телефон