-->
-->
Српското дерби без победник
-->
Црвена ѕвезда и Партизан одиграа 1:1 во 151-то „вечно дерби“, со кое започна плејофот за шампионската титула во првенството на Србија.
Дербито кое донесе просечен фудбал беше решено во самиот финиш. Најпрвин Сикимиќ во 85-та минута со извонреден удар и донесе предност на Ц.ѕвезда, а во четвртата минута од судиското надополнување на времето голманот на „црвени белите“ со неверојатен кикс му овозможи на Партизан да остане непоразен.
Во 94.минута играчот на Партизан Евертон упати силен удар од 30-тина метри, а голманот на противникот Кахриман несмасно реагираше, топката мина низ неговите раце и заврши во голот.
Повремениот македонски репрезентативец Давид Бабунски мечот го следеше од клупата за резерви.
Дербито мина во знакот на инцидентите на трибините, помеѓу двете навивачки групи, поради што неколку пати интервенираа специјалците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството