Српско МНР: Изјавата на Борисов е неприфатлива

Откако вчера во Софија бугарското Министерство за надворешни работи го повика српскиот амбасадор Владимир Чургус по повод „коментарот на шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ за претседателот Бојко Борисов“, синоќа и официјален Белград ја повикана бугарската в.д амбасадорка Ива Крулева по повод „коментарот на Борисов за косовската независност“.
Во соопштенијата на двете министерства, прво бугарското МНР „му соопштило на српскиот амбасадор дека изјавата на Дачиќ е неприфатлива и не е во рамки на добрососедските односи“, за потоа и српското МНР на бугарската в.д. амбасадорка и соопшти дека „изјавата на Борисов е неприфатлива и не е во рамките на добрососедските односи“.
И двете министерства изразиле истоветен став „дека се надеваат да таквите изјави нема да се повторат во иднина“.
Разликата во соопштенијата се разликува само во поводот за кој биле повикани амбасадорите во двете земји.
Поводот поради кој е прво повикан српскиот амбасадор во Софија е коментарот на Ивица Дачиќ по изјавата на Бојко Борисов во Полска на Самитот за Западен Балкан, кој рече дека Жозеп Борел, како иден министер за надворешни работи на ЕУ, треба да го застапува ставот на целата Унија и дека, без разлика што Шпанија не ја признава независноста на Косово а другите земји-членки ја признаваат, треба да постапи во рамките на овој став.
– Бојко, има да го почитуваш ставот на ЕУ, а не да му држиш лекции на Борел. На што тоа ти личи, тоа е безобразно. Најмногу ме нервира лицемерието, доста ми е повеќе од тоа, ја прокоментира Дачиќ изјавата на Борисов.
За разлика од Софија, Белград ја повика бугарската в.д. амбасадорка поради „разјаснување на ситуацијата која е настаната после изјавата на Борисов во врска со косовската независност“, каде и е објаснето дека „изјавата не е точна….бидејќи ставот на ЕУ не е независно Косово и на тоа сите треба да се придржуваат.“
Соопштението на српското МНР во кое МИА имаше увид завршува со најавата дека „министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ ќе се сретне со министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ)“, кој во вторник го организира Словачка на Високи Татри.
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
