Српско-босански граничен спор
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера најави дека до крајот на 2017 година ќе биде утврдена границата меѓу Србија и Босна и Херцеговина.
Според најавите од Белград, српската Комисија за утврдување на границата со БиХ интензивно работи на определување на линијата на разграничување меѓу двете земји.
Но, властите во Сараево тврдат дека босанската Комисија за разграничување воопшто не е вклучена во овој процес.
Членот на босанската Комисија за утврдување на границата со Србија, Жељко Обрадовиж во изјава за бањалучкиот весник „Независне новине“, вели дека БиХ е подготвена за разговори по ова прашање.
- Немаме никави податоци дали е нешто договорено и очекуваме во најскоро време некој да не информира за тоа, изјави Обрадовиќ, додавајќи дека сега не потег е Комисијата од Србија.
Границата меѓу БиХ и Србија е долга 335 километри, а според она што досега е познато, спорни се околу 40 километри квадратни долж граничната линија.
Станува збор земјшта во реоните на Зворник во БиХ и Бајина Башта во Србија, дел на српската општина Прибој што е раздвоен со територија на босанската општина Рудо, како и подрачје низ кое минува пругата Белград-Бар.
Долж пругата Белград-Бар спорни се околу 12 километри, кои минуваат низ територија што сега и припаѓа на БиХ и каде се наоѓа и железничката станица крај босанскиот град Штрпци.
Но, Србија инсистира да и припадне целото подрачје околу пругата, иако, како што тврдар власти во Сараево, за возврат не нуди никакви отстапки.
Белград сепак тврди дека е подготвен на компромис за границата, а и самиот Вучиќ изјави дека земјата „не сака да им наштети ниту на интересите на српскиот, ниту на другите народи, како во БиХ, така и во Србија“.
Ново на Сител
-
Битолчанец крадел електрична енергија и заработил 9.300.955 денари
-
Мицкоски: Судскиот совет да ја преиспита работата на судијата кој ја намали казната затвор за смртта на Теодора
-
Над 4.800 деца лани чекале за упис во градинка, 67 отсто од градинките работат со преоптоварени капацитети
-
Уапсен скопјанец во Тетово, возел со 2,15 промили алкохол во крвта
-
Приведен кавадарчанец кој физички ја нападнал баба си и тешко ја повредил
-
Четворица од повредените во Кочани денеска ќе бидат отпуштени од софиската болница „Пирогов“
-
Раниери: Пред да умрам сакам да видам што има надвор од фудбалот
-
Почна аплицирањето за влезници за финалето во Лигата на шампиони