Балкан
18. August 2015 - 11:17

Српските здравствени власти предупредуваат на западнонилска треска

Српските здравствени власти предупредуваат дека на неколку места по течението на реките Дунав и Сава забележани се комарци преносители на вирусот на западнонилска треска и оти поголем број на луѓе се јавиле на лекар со симптоми на болеста.

Директорот на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград, д-р Миомир Пелемиш изјави дека летово само еден пациент починал од вирусот на западнонилска треска. Тој истакна дека многу е важно навременото лекување.

Во 80 проценти од заразените со вирусот на западнонилска треска не се појавуваат никакви симптоми, а кај останатите 20 проценти со симптоми на болеста само 0,1 отсто може да се развие менингитис. Тоа најчесто се случува кај возрасните лица со хронични болести.