Македонија
18. July 2015 - 16:30

Српските погранични служби ги враќаат бегалците назад во Македонија

Бранот на мигранти кои Македонија ја користат како попатна станица за стигнување до посакуваните земји и понатаму продолжува.

Само во текот на вчерашниот ден на територијата на Република Македонија илегално влегле 578 мигранти.

Според МВР најголем дел од нив се од Сирија, Авганистан, Ирак и Пакистан.

Дел од македонските медиуми јавуваат дека унгарската полиција ќе испрати екипа за патролирање на македонско-српската граница, каде секојдневно минуваат стотици мигранти. Во текот на изминативе денови кружеше информација дека на дел од мигрантите не им било дозволено да ја напуштат Македонија преку границата со Србија, па биле приморани да се стационираат во околните села. Нашата екипа денеска го посети селото Табановце со цел да ја провери состојбата, но тамошните жители велат дека бројот на мигрантите е значително помал.

За разлика од претходните месеци кога секојдневно илјадници мигранти поминувале низ селото, мештаните велат дека ги има во се помал број.

Драган Ивановски