Српските опозициски пратеници со критика за Владата и претседателот Вучиќ за настаните со Македонија
Опозициските пратеници во српскиот Парламент денеска ги критикуваа претседателот Александар Вучиќ и српската Влада во врска со настаните поврзани со Македонија, и оценија дека тоа што се случи е невообичаена дипломатска пракса, јавија спрските медиуми.
-Би било добро компетентните служби да ни кажат за што станува збор, а не да нагаѓаме, пред новинарите во Парламентот изјави Санда Рашковиќ Ивиќ, член на парламентарната група „Нова Србија - Движење за спас на Србија“.
Таа додаде дека се што се случи ја покажува политичката незрелост на првите луѓе од власта.
Независниот пратеник Јован Јовановиќ, кој е поранешен амбасадор, оцени дека во конкретниот случај станува збор за невообичаена дипломатска пракса.
Тоа што се случи меѓу Србија и Македонија тој го спореди со ситуацијата со „нашараниот воз“ што тргна кон Косово, а потоа беше вратен назад.
Според него, станува збор за непотребно создавање тезнии, што е во спротивност со дипломатската пракса.
Србија во неделата вечерта во целост го повлече својот дипломатски персонал од амбасадата во Скопје, без да ги посочи причините за тоа.
Ново на Сител
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?