Српските цариници запленија товар со оружје на ГП „Градина“
На граничниот премин „Градина“ српските цариници спречиле обид за шверц на големо количество оружје и муниција, сокриени во камион, јави Танјуг.
Како што се наведува во соооштението на Управата за царина, ноќеска биле откриени вкупно 80 цевки за воздушна пушка „Гризли 83-2“ со калибар од 5,5 милиметри и „Гризли стрикер“ со калибар од 4,5 милиметри, 80 кундаци за пушка, 10 гасни пиштоли „Зораки“ со калибар од 9 милиметри, 4.000 парчиња муниција за гасен пиштол, како и 70 оптички нишани.
Оружјето е откриено во камион со регистерски таблички од Нови Пазар, со кој управувал возач (27) од Крушевац, а со него се превезувале кондиторски производи од Турција за Црна Гора.
На прашањето на царинскиот службеник дали има нешто за пријавување за царинска контрола освен стоката што ја транспортира, возачот одговорил негативно, а камионот потоа бил упатен на контрола на мобилен скенер, па благодарение на овој уред биле воочени неправилностите во задниот дел од товарниот простор на приколката на камионот.
Цариниците спровеле детална контрола врз камионот и во кабината прво биле откриени дел од непријавената стока, 70 оптички нишани, 18 цевки за воздудшна пушка и 10 дрвени кундаци за пушка, што биле скриени во креветот и во касетите над контролната табла.
Потоа следел и детален преглед на стоката во приколката, каде прво било пронајдено местото каде било пресечено, па повторно залепено царинското јаже.
Во задниот дел од приколката, како што и покажала снимката од скенерот, биле откриени уште 10 гасни пиштоли, 10 пластични кундаци за пушка, 60 дрвени кундаци за пушка, 62 цевки за воздушна пушка и 4.000 парчиња муниција за гасен пиштол.
Ново на Сител
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење
-
Детектор: Средна оценка 2.5 за владеењето на правото во Македонија
-
Нема партиски вработувања, ниту на министерот Меџити му се одземени ингеренциите, вели премиерот