Српскиот Свислајон Таково ќе произведува кечап и мајонез во Македонија
Сопственикот на срската фирма „Свислајон Таково“ Родољуб Драшковиќ донел одлука да почне со производство на кечап и мајонез во Македонија, по затварањето на производствениот погон во Невесиње, БиХ.
Како што изјави за Вечерни новости директорот на „Свислајон Требиње“ Александар Којовиќ, фабриката во Невесиње е затворена поради економски причини.
-Производството на сокови ќе го преселиме во Горни Милановац, а производството на кечап и мајонез во Македонија. Причините се чисто економски, односно главната причина за затворање на фабриката е нејзината финансиска неисплатливост. Имавме огромни транспортни трошоци, бидејќи суровините доаѓаа од Србија, а патната инфраструктура е лоша, изјави Којовиќ.
Тој посочи дека работењето на фабриката во Невесиње значително го оптовариле новововедените такси од Косово, каде што се проваа повеќе од 15 проценти од производите.
Концернот „Свислајон Таково“ од Горни Милановац е стопански гигант во прехранбената индустрија во Србија во производството на еуро крем, бисквити, чоколади, детската храна Јувитана, кечап и мајонез, сокови и други производи.
Сопственикот Родољуб Драшковиќ поседува и неколку фабрики во регионот, меѓу кои е и Свислајон Агроплод од Ресен.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 3.4 степени почувствуван во Охрид и Струга
-
Претреси во Струмица и Гевгелија, пронајдена дрога, уапсени три лица
-
Најмногу дожд наврна во Скопје
-
МЕПСО: Поради нискиот транзит на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа
-
Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК
-
Голем дел од Македонија се разбуди во мрак
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви и 22 повредени