Српскиот град Чачак на ЛЕД екраните низ градот го истакна македонското знаме
Градот Чачак денеска истакна македонски знамиња на сите ЛЕД екрани и интерактивни тотеми со кои управува градот во знак на солидарност и сочувство во тага со граѓаните на Северна Македонија по трагедијата во градот Кочани, јави МИА.
Покрај српското знаме, македонското знаме ќе биде истакнато утре и на сите јавни установи во градот.
„Сметаме дека на овој начин најдобро можеме да покажеме колку ни е тешко и жалиме што се случи таква трагедија. Ова е уште една можност да го изразиме нашето длабоко сочувство во името на сите граѓани на градот Чачак во врска со трагедијата што ги погоди нашите пријатели од Северна Македонија“, рече Петковиќ во изјава за српски медиуми.
Тој додаде дека знамињата на Северна Македонија ќе останат на ЛЕД екраните и интерактивните тотеми до сабота.
Ново на Сител
-
6 лица примени во болница по вчерашните пожари
-
ВМРО-ДПМНЕ: Целта на Бугарија е бришење на јазикот и идентитетот
-
Димитриевски: Сакаме во ЕУ но како Македонци
-
Јавниот линиски општински превоз се поатрактивен за штипјани
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек, кажа Tошковски
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице