Свет
3. February 2016 - 18:13

Српски пилот успешно приземји авион во кој имаше експлозија

Вистинска драма се одвивала во воздухот над Сомалија во Африка каде што во текот на летот D3159 на авиокомпанијата „Daallo Airlines“ се случила експлозија во авионот кој присебниот српскиот пилот Владимир Водопивец успеа безбедно да го приземји.

Пилотот оштетеното летало во кое се наоѓале 74 лица го приземјил на аеродромот во Могадип во Сомалија.

Светските медиуми оценуваат дека пилотот го направил невозможното , бидејќи инцидентот поминал без жртви а се повредени само тројца патници.

Колку што состојбата во авионот била опасна, сведочат и фотографиите на авионот на кој му бил тазнесен дел од трупот во експлозијата.

Сведоците твдат како виделе дека од авионот лета запалено тело поради што се сомневаат дека се работи за терористички напад.

Според зборовите на очевидците еден од патниците буквално излетал запален низ дупката натраничната страна на авионот на висона од 4000 метри.

Тие тврдат дека телото на постар човек паднало на околу 24 км од аеродромот Могадишу.