-->
-->
Српски курир: Албанската мафија испрала една и пол милијарда евра во Србија
-->

Според соговорниците на весникот, албанската мафија на тој начин „станала можеби и најголемиот играч во разработената шема на перење пари стекнати во криминал – главно преку трговија на дрога и оружје“.
Поранешниот директор на белградската полиција Марко Ницовиќ изјави за „Курир“ дека албанските мафијаши купувајќи градежни земјишта, градејќи згради и купувајќи недвижности, во Србија годишно испрале меѓу 80 и 100 милиони евра, „и тоа преку т.н. српски бизнисмени“.
– Во тие трансакции, по правило, никогаш не се појавува Албанец, туку тоа се врши преку некој, да речеме, Петар Петровиќ од Минхен, кој за одреден процент служи како фасада. Посебно на мета им биле југот и југоистокот на Србија, тврди Ницовиќ.
Тој додава дека албанските наркокланови истиот шаблон го користат и за освојување недвижности во јадранскиот регион на Хрватска и Црна Гора, како и во БиХ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Без дебата реформските закони за администрацијата го поминаа првиот собраниски филтер
-
ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ – Најавува формирање на „Коалиција за зелена иднина“
-
Лекарите со препораки за заштита од топлотниот бран
-
Израел го нападна Фордо, додека Трамп најави „промена на иранскиот режим“ по американските напади
-
Беџети: Европскиот фронт ќе се проширува
-
Вевчани инспирација за уметниците
-
26 годишен Македонец лани загинал во Чешка, братот бара одговори за причината за смртта
-
Преглед на вестите од светот