Македонија
3. August 2018 - 11:36

Српски државјанин пронајден мртов во викендичка во Штип

Вчера утро околу 08,00 часот во викенд-куќа лоцирана на место викано „Плужино“ атар на Општина Штип, бил пронајден починат А.Ц. (70) од Р.Србија, а со привремен престој во Штип.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.