Балкан
28. September 2015 - 9:47

Српски агенти загинаа во страотна сообраќајка

Во страотна сообраќајна несреќа на патот Појате - Крушевац кај Читлук во судар на патничко возило и камион на самото место загинале три лица, а едно лице се здобило со тешки телесни повреди опасни по живот.

До незгодата дошло кога патничко возило со београдска регистрација, од непознати причини поминала на сообраќајната лента во спротивна насока и се судрила директно со товарното возило. Загинале вработените во БИА (Безбедносно информативната агенција) Горица Јовиќ (1973), Драган Скробоња (1974) и Душан Милисављевиќ (1970) а тешко повредена е нивната колешка, 34-годишната Ј.И. Таа со тешки повреди е префрлена во ургентниот центар во Белград, додека возачот на камионот е полесно повреден, дознава српски Курир.

Во „пуното“ биле четворицата агенти на БИА кои не биле на службена задача туку приватно патувале кон Александровац. Автомобилот бил сопственост на настраданата Горица Јовиќ и најверојатно таа управувала со возилото.

Возилото било целосно сплескано, но пожарникарите ги извлекувале настрадените.

-Глетката беше ужасна! Деловите од автомобилот беа расфрлани по патот. Во „пунтото“ се наоѓаа три жени и еден маж. Две од нив и мажот загинаа на самото место. Преживеа сопатничката која беспомошно ги повикуваше своите пријатели и не престануваше да плаче, вели очевидец.

Возачот на шлеперот, 22-годишниот С.Т. е полесно повреден.