Српската влада ја ограничи цената на шеќерот и извозот на пелети
Владата на Република Србија на денешната седница ја усвои изменетата Уредба за ограничување на цената на основните прехранбени производи, со која се ограничува малопродажната цена на кристалниот шеќер за сите пакувања. Лимитот на цената на кристалниот шеќер во пакување од еден килограм останува на 89,99 динари (0,76 евра), јави дописникот на МИА од Белград.
-Уредбата е донесена со цел да се заштити пазарот, а поради наглиот скок на цената на кристалниот шеќер во поголеми пакувања, имајќи предвид дека е ограничена само цената на пакувањето од еден килограм. Поради големата разлика во цената, зголемена е побарувачката за пакувања од еден килограм и често ја нема во малопродажните места.
Со уредбата се предвидува трговците на големо да мора да дистрибуираат кристален шеќер до трговците во рок од 15 дена, се наведува во соопштенеито од владата.
Владата на Србија донесе одлука и за привремена забрана за извоз на дрвни сортименти од суштинско значење за Република Србија.
Поради зголемениот извоз во претходните години и зголемената побарувачка за овој вид гориво на светскиот пазар, недостигот од овие асортимани најмногу ги погоди производителите на пелети и огревно дрво. Привремената забрана за извоз е ограничена на 60 дена.
Членовите на Владата донесоа одлука со која до 30 јуни годинава го продолжуваат привременото намалување на акцизите за оловниот бензин, безоловен бензин и гасните масла., се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Бугарија ќе нема право на вето кај постепеното зачленување во ЕУ
-

Паневропска Унија: Сите земји треба да имаат полноправно членство на ЕУ, не држави без право на глас
-

Забрзано се гради новата делница од Коридор 8 Гостивар - Букојчани
-

Уништен еден тон небезбедна „здрава“ храна
-

Да се повлече предлог законот за извршување, бара КСОМ
-

Како Австриската развојна агенција и помага на земјава со реформите за ЕУ
-

Карневалски денови за Прочка во Прилеп, денеска се одржа Детскиот карневал, утре е главното дефиле
-

Преглед на вестите од светот
