Српската премиерка в понеделник во посета на Скопје
Српската премиерка Ана Брнабиќ в понеделник, 26 август, ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија, соопшти денеска од Канцеларијата за медиуми на Владата на Србија.
Брнабиќ во Скопје ќе оствари средба со премиерот Зоран Заев, а пред посетата на главниот град, тие ќе остварат средба на граничниот премин Табановце – Прешево со што ќе го означат почетокот на работата на овој интегриран премин меѓу двете држави.
За време на престојот во Скопје, предвиден е состанок на делегациите на двете влади и потпишување на повеќе договори за соработка, како и изјави за медиумите на премиерите Заев и Брнабиќ.
Договорот меѓу владите на двете земји за заедничка контрола за меѓународен патни сообраќај на граничниот премин Табановце -Прешево, беше потпишан во Белград минатиот месец, од страна на министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски и Небојша Стефановиќ, кој и двајцата министри го означија како нов импулс во односите и на пријателството меѓу двете држави.
„Уан Стоп Контрол“ е новост, има историско значење и голема важност за Република Северна Македонија, бидејќи прв пат се потпишува ваков договор со државите од соседството, изјави министерот Спасовски по потпишувањето на договорот.
– Важноста на овој договор е големо, бидејќи ќе овозможи побрз проток на луѓе и на стоки помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија на оваа граница. Ова ќе им помогне и на граѓаните и на стопанството, што е важно, за да имаме подобар животен стандард и во двете држави, нагласи Спасовски.
Српскиот министер Стефановиќ пак оцени дека со договорот за „Уан стоп контрол“ на поинаков начин ќе се регулира граничниот премин Прешево – Табановце.
– Овој премин ќе овозможи преку поинаквата регулација да имаме побрз проток на луѓе, патници и стоки, сето она што овозможува граѓаните на нашите две земји, но и оние кои транзитираат, полесно, поефикасно, побргу и поекономично да дојдат до своите одредишта, што ќе им помогне и на економиите на нашите земји, побрзо да се развиваат, изјави Стефановиќ.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори