Српска туристка ранета во денешниот напад во Истанбул, вечерва ќе биде оперирана
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ потвди дека српска државјанка е ранета во денешниот терористички напад во Истанбул.
Во денешната експлозија во Истанбул е ранета наша државјанка. Станува збор за туристката Драгана Ристиќ од Ниш. Таа е надвор од животна опасност и е во болница, каде вечерва ќе биде оперирана, бидејќи ја погодиле шрапнели во рамото, изјави министерот Дачиќ за српски „Курир“.
Засега, пак, како што вели Дачиќ, нема официјална информација од Истанбул.
Ова е информација од нашите туристи кои беа на лице место и стапија во контакт со нашиот генерален конзулат, кој ќе им пружи помош на сите наши граѓани. Генералниот конзул Ивана Пејовиќ е во постојан контакт со ранетата Ристиќ. Ќе ја информираме јавноста за сите нови детали и развојот на ситуацијата, додаде Дачиќ.
Ново на Сител
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар