Средствата наменети за новогодишна декорација на Кичево пренаменети за социјални семејства
Општина Кичево годинава средствата за декорација на градот по повод новогодишните празници ги пренамени за хуманитарна помош за социјално загрозени семејства од градот и околните места.
Екипа од општина Кичево хуманитарните пакети ги подели во регионот на Зајас, Осломеј, Вранештица, Другово, како и во неколку населби низ градот.
- Хуманитарната помош беше наменета претежно за семејствата кои имаа потешкотии во снабдувањето со храна и хигиенски средства. Акцијата беше планирана и се реализира од средствата кои беа заштедени со откажувањето на предновогодишното декорирање на градот, рече Емин Насуфи, портпарол на општина Кичево.
Тој додаде дека освен пакетите со прехранбени средства на социјално загрозени семејствата им беа поделени и парични средства.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев