Средното училиште на Град Скопје „Цветан Димов“ доби нова фасада
Средното училиште на Град Скопје „Цветан Димов“ во Општина Чаир доби нова енергетски ефикасна фасада со променет, модерен изглед во специфичен визуелен и естетски стил. Фасадата е изработена од алуминиумски композитни панели во боја и соодветна подлога во согласност со најсовремените светски стандарди за противпожарна заштита, енергетска ефикасност и подобрена термичка и звучна изолација.
За таа цел денеска училиштето го посетија министерот за образование и наука Арбер Адеми о градоначалниците на Скопје и на Чаир Петре Шилегов и Висар Ганиу.
Министерот Адеми изјави дека се работи за голема инвестиција од Град Скопје за училиштето.
– Вакви инвестиции се во иста линија и со централната власт и со Министерството за образование и наука, од аспект на подобрување на образовната инфраструктура и подобрување на условите за одвивање на воспитно-образовниот процес. Наша заложба, наша цел е подобрување на квалитетот на националниот образовен систем, подобрување на образовната инфраструктура и на условите за одвивање на наставата, рече Адеми.
Градоначалникот Шилегов информира дека летово се одвивале градежните работи во училиштето. Потсети дека лани училиштето било реновирано внатре, речиси целосно.
– Ова е таа визија што ние како град ја имаме за тоа како всушност треба да изгледаат училиштата, местата каде што нашите деца се стекнуваат со образование. Парите на граѓаните ги трошиме за вистинските приоритети, за највисоките технолошки достигнувања што ги има на пазарот, наместо за стиропорите кои порано беа карактеристика на трошењето на градските пари. Овој зафат чинеше околу 34 милиони денари, рече Шилегов.
Тој додаде дека во завршна фаза е и реконструкцијата на фасадата на Средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“. Нагласи дека Град Скопје континуирано вложува во образованието и обезбедува подобри просторни и други услови за изведување на наставата и на воншколските активности, согласно со надлежностите на локалната самоуправа, а има добар партнер и во Министерството за образование.
Директорот на Средното училиште на Град Скопје „Цветан Димов“ Висар Дурак рече дека се работи за капитална инвестиција и изрази благодарност за инвестицијата од името на сите вработени и ученици. Во училиштето следат настава околу 1.400 ученици.
Ново на Сител
-

Три малолетни девојчиња нападнати од четири женски лица во Аеродром
-

Општина Струга не може да го продаде „аудито“ на Мерко од 67.000 евра поради стар долг
-

Малолетници нападнале 15-годишник во Скопје, еден од нив пукал со пиштол кон него
-

МНРиНТ: Досега реализирани четири летови за евакуација на граѓани од Блискиот Исток, превезени вкупно 458 патници
-

Семејството ја пријавило за исчезната, познат идентитетот на пронајдената жена во Вардар
-

15-годишен чирак со остар предмет го нападнал синот на газдата на берберница во Арачиново
-

ИДФ го погодиле нуклеарниот комплекс Телеган, крај Техеран
-

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

