Македонија
11. December 2020 - 19:46

Средношколците на протест - бараат укинување на државната матура

Матурантите на протест за укинување  на државната матура. Движењето Средношколски глас се спротиставува на полагањето матура  поради тоа што учат онлајн и немале можност да добијат квалитетна настава. Матурантите денеска ја бојкотирале наставата за да го изразат својот револт кон надлежните кои немале слух за нивните барања. Тврдат дека пред две недели побарале средба со нив но не ја добиле.

Од МОН не отстапуваат велат матура мора да има бидејќи не смее да се прави компромис со квалитетот на образование. Во соопштението тврдат дека оствариле средби и со движењето Средношколски глас и со Сојузот и им било објаснето дека ќе биде најден начин полагањето да биде безбедно.

Министерството за образование и наука изминатиот период покажа огромна посветеност и отвореност за дијалог со матурантите. И едните и другите навреме беа информирани дека испитите од државната матура ќе се одржат во законски предвидениот рок, но со полесни прашања и по скратени програми, со цел полагањето да биде ефективно и организирано.

Матурантите еден час го блокираа булеварот пред зградата на министерството. Протест денеска одржале и нивни врсници во десетина градови низ државата.