Средношколците бараат укинување на државната матура оваа година
Над 8.000 потписи досега собрале матурантите кои бараат укинување на државната матура оваа учебна година. Во дописот кој го пратија до Сител пишуваат:
Цениме дека полагањето матура годинава би било сосема не фер кон нас учениците. Изгубивме две години од наставата, за време на карантинот и пандемијата. На сите ни е доволно јасно дека за време на онлајн наставата, 90 проценти од нас не научија ништо. Како тоа да не беше доволно, сега и штрајкот на сонк, со кој што изгубивме уште три недели од наставата кога ни беше најпотребно да се спремиме за државната матура. Нашите професори си го бараа своето право, и имаат право на тоа, се разбира. Но, во овој случај, исто како и за времето на карантинот, нај загрозени сме ние учениците и сметаме дека полагањето на државна матура би било крајно не фер за нас матурантите кој бевме физички присутни со физичка настава само две ипол години од одредените четири години за средно образование, порачуваат матурантите.
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
