Средношколци протестираа против загадувањето во Струмичко

– Средношколци и членови на Здружението „Здрава котлина“ денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица протестираа против аеро загадувањето во регионот, а средношколците побараа и реформи во образованието.
Оливера Аризанова Мансбарт од „Здрава котлина“ ги прочита барањата кои ги упатија до општините во Струмичкиот регион.
– Бараме од општините во струмичката котлина јавно да покажат документи колку, каде и кога има извршено инспекции на инсталации со интегрирана еколошка дозвола од Б-категорија и инсталации што се уште се под усогласување со оперативен план, да се постават најмалку 6 нови автоматски мерни станици и да обезбедат три мобилни мерни станици за триангулација на загадувачи, што ќе бидат под локална ингеренција, но со отворени податоци и дел од националната мрежа, одржување заедничка јавна трибина со градоначалниците на општините Струмица, Босилово, Ново Село и Василево со тема загадување и активни мерки. Покрај тоа, бараме советите на четирите општини да ги поканат еколошките огранизации да учествуваат на седница на која со посебна точка би се овозможило дискусија на тема загадување и предлагање на активни мерки за запирање на загадувањето и да се изработи локален инвентар на загадувачи и класификација по типови на загадувачки емисии и отпад, рече Аризанова Мансбарт.
Средношколците реагираа на енормното загадување, но истовремено побараа и реформи во образованието.
– Скратување на времетраењето на училишниот ден на четири активни часа, дебатни часови во кои професорите се во улога на водители, под итно заменување на старите учебници, праксата да се плаќа од страна на фирмите барем 30 отсто од реалната плата, поттикнување на критичко мислење кај учениците, модернизирање на веќе постоечката технологија и воведување на нова, психолошки тестови и подготвност за работа со деца на професорите, предавање на слободни теми од страна на професорите и учениците, насочување при избор на училишен смер, вклучување на учениците во носење на одлуки за училиштето и финансирање на проекти предложени од страна на учениците, рече ученичката Лариса Тилева.
Дел од учениците од средното училиште „Димитар Влахов“ се пожалија дека не им било доволено да излезат на протестот, но директорот ги демантираше таквите информации.
Од Здружението „Здрава котлина“ информираа дека протестите ќе продолжат и наредните петоци до крајот на овој месец, а на 1 март планираат одржување на помасовен протест.
Ново на Сител
-

Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик секретарот Кристофер Ландау
-

Трамп: Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане
-

Три победи за Македонија на првиот ден од Светското првенство во кик-бокс – славеа Нешевски, Николов и Баснарков
-

Бобан Илиоски испиша историја – прв Македонец со договор во GLORY
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат - нови цени на горивата од полноќ
-

Мексиканец со лименка пиво удрил полицаец во глава додека го легитимирал на „Октобер фест“ во Ѓорче Петров
-

Граѓаните револтирани: Ја кренале рампата и паркирале на пешачката патека долж ѕидот на Зоолошката во Градски парк
-

Уште едно лице почина од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна
