Македонија
31. January 2019 - 9:24

Средеба на комисијата што ќе ги избира новите антикорупционери

Комисијата за селекција на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата денеска на пладне ќе одржи работна средба во Собранието на Република Македонија.

Како што информира собраниската прес-служба, работната средба е во функција на почнување на постапката за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 29 овој месец ја формираше Комисијата за селекција на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.