Средби на министерот Спасовски во седиштето на ИНТЕРПОЛ во Лион, Франција

Во рамки на денешната посета на седиштето на ИНТЕРПОЛ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски остварил средби и со Извршниот директор Стефан Кавана и одговорниот на Интерпол за Европа, Франц Шерман.
На мое големо задоволство, напиша Спасовски на неговиот фејсбук профил, беше оценето дека Северна Македонија претставува кредибилен партнер и лидер во имплементацијата на заедничките оперативни активности иницирани од страна на Генералниот секретаријат.

– Ова претставува мотив повеќе за продолжување и интензивирање на соработката со ИНТЕРПОЛ, преку континуирано активно учество во тековните активности на организацијата и несебичниот придонес на нашата држава со сите расположливи капацитети, во повеќе области како што се: јавна безбедност и тероризам, сузбивање криминални организации, нелегална трговија со дрога и оружје, финансиски и компјутерски криминал, трговија со луѓе, како и други форми на оперативна соработка, согласно стратешките приоритети на министерството, објави министерот Спасовски.
Тој изразил благодарност до Генералниот секретаријат и до земјите учеснички на 49. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ, која се одржа во мај во Лион, на која учествуваше делегација од МВР предводена од директорот на БЈБ Тасевски, кои изразија поддршка и со гласање ја прифатија нашата кандидатура, укажувајќи ни ја честа токму нашата земја да биде домаќин на следната Европска регионална конференција.

– Процесот на подготовки поврзани со организирање и реализирање на конференцијата е веќе започнат на ниво на МВР, а наскоро и на национално ниво, па со особена чест ги информирав нашите денешни домаќини дека датумот за одржување на настанот го избравме непосредно по Денот на полицијата – 7 Мај, со цел учесниците да ја збогатат прославата, но и да дадеме дополнително значење на 30-годишниот јубилеј од членувањето на Северна Македонија во Интерпол и одржувањето на самата Европска конференција, како и за промоција на полициската соработка во меѓународни рамки, но и промовирање на Северна Македонија со нејзините автентични обележја во светот, објави министерот за внатрешни работи Спасовски на фејсбук.
Ново на Сител
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
-

Економските санкции на ЕУ кон Русија продолжени за уште шест месеци
